Настани сс

1 септември, 2017

Македонски ѕвезди на третиот викенд на „Супер Скопје“

„Супер Скопје“ продолжува со својот трет музички викенд во македонската престолнина, па вечерва и утревечер се резервирани за македонските музички ѕвезди, а локацијата е улица „Македонија“. Имено, вечерва со почеток од 21.00 часот, на бината пред „Мајка Тереза“ ќе настапат диџеј Дела, „Ај кју“ и Каролина Гочева, а утревечер, на бината пред кафулето „Плеј“ ќе запеат Тамара, „Нокаут“, Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Само за потсетување, проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје, а истиот е во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје. Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).



Врати се горе ↑