Настани bjf

19 февруари, 2016

Македонски џез музичари на „Бруклински џез фест“

Во периодот од 24 до 28 февруари, во бистро „Бруклински“ ќе се одржи „Бруклински џез фест“. На овој единствен од ваков вид музички настан, ќе настапат реномираните македонски џез музичари како што се Оливер Јосифовски со џез трио, џез квинтетот „Фирс“ (Fierce), „Шамба џез трио“ (Shamba Jazz Trio), „Караванија џез квартет“ (Caravania Jazz Quartet), „Бојана Фејбл џез трио“ (Bojanа Fabel Jazz Trio), „Тони Китановски џез квартет“, џез квартетот „Некст то сајленс“ (Next to Silence) и „Марија џез дуо“.

Фестивалот ќе започне со џем-сешн во среда во 19 часот, а понатаму програмата ќе продолжи распределена во дневни и вечерни музички џез сесии. За сите оние што сакаат да уживаат во македонската џез музика и во уникатноста на самиот настан, влезот е слободен.

 



Врати се горе ↑