Галерија

19 март, 2018

Македонски диџеј ги збесна Јапонците во Токио

Музиката е универзален јазик и не познава граници, а тоа го докажа и еден македонски диџеј и продуцент, кој деновиве ја започна својата мини-турнеја во Јапонија. Станува збор за тетовецот Александар Галоски, кој сè повеќе се пробива на светската сцена, а дека настапот во Токио поминал и повеќе од одлично, говорат фотографиите објавени на социјалните мрежи. Насмеаните лица и кренатите раце на расположените посетители откриваат дека Галоски им приредил забава за паметење.

„Ви благодарам многу за сета љубов и енергија, се гледаме наскоро“, напиша тој споделувајќи дел од атмосферата во токискиот клуб.

V2 Tokyo 🇯🇵 Thank you so much for all the love and energy. See you soon. #unitedevents

Posted by Aleksandar Galoski on Sonntag, 18. März 2018

 

До крајот на месецот, Галоски ќе настапи и во Шпанија и Австрија, како и во Словенија, каде што ќе му даде поддршка на славниот колега Афроџек. Исто така, тој неодамна потпиша договор со издавачката куќа на Армин ван Бјурен, па очекуваме да се редат уште многу добри вести за младиот продуцент.

 



Врати се горе ↑