Балкан cudesmo

28 јануари, 2013

Македонската песна надалеку се слуша

Изворната македонска музика секогаш била инспирација за многу музичари, не само во Македонија туку и пошироко. На српското шоу „Јас имам талент“ повторно се слушна македонска песна. По младиот Лука кој ја отпеа евровизиската „Црно и бело“ на Калиопи, со македонска песна се претстави еден интересен состав од Белград со уште поинтересно име – Чудесмо. Овој етно состав, кој им остави голем впечаток на членовите од жири комисијата, но и на целата публика, во полуфиналето настапи со одличната македонска песна „Си заљубив едно моме“, давајќи еден свој поинаков пристап и малку различен и несекојдневен аранжман. Во продолжение погледнете како сето тоа изгледа и звучи со абориџински инструменти и перуанска перкусија.

 



Врати се горе ↑