Видео

14 декември, 2017

Македонската естрада со нова музичка верзија на божиќната песна „Вечниот Бог“

Најпопуларните пејачи од македонската поп-естрада, деновиве, обединети во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, решија во пресрет на Бадник и Божиќ да нè изненадат со освежена верзија на една од најпознатите божиќни песни во православниот свет – „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и „Некст тајм“, кои вторпат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир, кој има за цел да внесе вистинска празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и од Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6 јануари ќе ги предводат бадниковите поворки низ цела Македонија.

детски-хор-за-божик-800x530

Аранжманот за песната е дело на Владимир Димовски, а видеото за истата е веќе во подготовка.

Ова значајно музичко дело најмногу ќе им помогне на децата – коледарчиња со леснотија да ја научат божиќната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање. Затоа пејачите порачуваат: „Дечиња, сите да ја научиме песничката ‘Вечниот Бог’ и на празникот Бадник да масовно да учествуваме во Бадниковите поворки. Сите заедно, цела Македонија!“

Извор и фотографии: Макфакс



Врати се горе ↑