Концерт Untitled-11-650x366

16 мај, 2015

Македонската естрада со хуманитарен концерт за помош на Орнела!

По неодамнешниот апел и иницијатива на Нина Јанева, македонската музичка естрада се сплоти, здружувајќи се во заеднички хуманитарен концерт за помош на нивната некогашна колешка Орнела Јордановска, која од мај 2013 година ја започна борбата со дијагностицираниот Morbus Hodgkin-nodular sclerosis III-A, рак на лимфните жлезди!

Кон пејачите од македонската естрада во оваа хумана акција се приклучи и скопскиот клуб ресторан „Чикаго“, несебично давајќи го својот простор каде на 21 мај, четврток, со почеток од 21.00 ќе се одржи хуманитарен концерт на кој приходот од остварените средства ќе биде донирани за помош во лекувањето на Орнела.

На овој хуманитарен концерт ќе настапат: Елена Ристеска, Симона Попоска, Нина Јанева, Дарко Илиевски, Наде Талевска, Тамара Тодевска, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Игор Митровиќ…! Водител на вечерта ќе биде Марјана Станојковска.

Броевите на кои можат да се извршат  резервации за оваа хуманитарна вечер се: 076 210 – 028 и 070 800 – 149. Клуб-ресторанот „Чикаго“ се наоѓа на улица „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ бр.20 во Скопје, лоциран на потегот помеѓу зградата на некогашната НИП Нова Македонија и АМСМ.

Сите луѓе кои чувствуваат потреба да бидат хумани, можат исто така да помогнат со своја донација за лекувањето на Орнела, јавувајќи се на еден од трите телефонски броеви на мобилните оператори во Република Македонија:

ONE: 075 143 – 222 ; VIP: 077 143 – 702 и T-MOBILE: 070 143-153.



Врати се горе ↑