Настани XO Nova Godina

30 декември, 2013

Македонската DJ елита за Новогодишната прослава во XO

Новоотворениот клуб ХО коjшто се наоѓа на самиот плоштад Македонија во Скопје, најавува голема Новогодишна забава со македонската диџеј елита. Утревечер, на самиот дочек на Новата 2014-та, нашите најдобри диџеи – Бабура, Бранчез и Боби ќе бидат задолжени за атмосферата во клубот кој што присутните на неодамнешното отворање го окарактеризираа како олицетворение на софистицираност од светска класа.

За да биде Новогодишната прослава комплетна менаџерскиот тим на ХО ќе им овозможи на присутните специјален Ретро сет од диџеј Дела, кој за момент, преку големите хитови, ќе ги врати во минатото. Забавата во ХО ќе започне во 22 часот, а влезниците чинат 300 денари.



Врати се горе ↑