Македонија TH3_63

14 мај, 2013

Македонската делегација на Евросонг во топ 10 најпопуларни во Малме

Според Сидсвенскан – еден од дневните весници на Шведска, во 9-те најпопуларни делегации ја наведе и македонската. Ова се потврди и на официјалната гала вечера за почеток на 58-от Избор на песна за Евровизија 2013 каде Есма и Лозано беа едни од најинтересните за странските медиуми. На галата каде присуствуваа сите учесници македонските претставници привлекоа најголем број од медиумите кои бараа од нашите претставници изјави. За странските новинари е интересен спој на двајцата пејачи, а најголем број од прашањата упатени кон Есма и Лозано се однесуваа на комбинацијата на двата стила во песната.

„Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија. Оваа манифестација е само уште еден доказ дека изборот на песна и комбинацијата на пејачи за претставување на Македонија е вистинско. Македонија одиме во финале“ – изјави Кралицата на ромската музика.

„Можноста да се биде покрај првата дама на ромската музика ширум светот е уникатна. Да се биде дел од овој настан е навистина големо искуство. Посакувам само добро претставување на Македонија. Тоа навистина ќе ни биде значајно и потребно,“ – додаде Лозано.



Врати се горе ↑