Аудио the sound messangers

2 август, 2013

Македонска музика со светски звук: Слушнете ја „Love Me“ од „Саунд месинџерс“

„Love Me“ е името на првата песна на „Саунд месинџерс“ (The Sound Messengers), совршениот спој на електронска музика, саксофон и силен вокал. Секој најдобар во своето поле, The Sound Messengers го сочинуваат, легендарниот диџеј – единствениот Ерик Фокс од Антена 5 радио, одличниот глас на Симона Попоска  и мајсторот на саксофон Љупчо Станковски (Maxx Sax ).

Музиката и аранжманот на „Love Me“ се дело на Ерик Фокс, додека пак текстот го напиша младата пејачка Рената Кралевска. Продукцијата е на Роберт Билбилов и Снупи. Како уникатен дел од големиот тим на Горила продукција,  The Sound Messengers со ова само го потврдуваат нивниот почеток како моќното трио на клупската музика. Тие заедно веќе настапуваат по клубовите низ Македонија, а одличниот фидбек од публиката само ги мотивираше да започнат да создаваат и нешто свое.

„Love Мe“ деновиве започна да се врти низ македонскиот етер, а Вие можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑