Македонија

12 јануари, 2019

Македонка меѓу најпечатливите промени на костими на „Евровизија“

Подготовките за 64. издание на популарниот европски фестивал се веќе во тек, но во меѓувреме убаво е да се потсетуваме на интересни моменти што ја одбележаа „Евровизија“ изминатите години. Токму такви ретроспективни видеа се објавуваат и на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб, каде што деновиве осамна видео-компилација со највпечатливите промени на костими за време на настап.

Related image

Меѓу нив се најде и нашата евровизиска претставничка од 2002 година, Каролина Гочева, која во Талин нè претставуваше со темата „Од нас зависи“. Таа тогаш настапи во добро познатата креација на модниот креатор Александар Ношпал, со македонска симболика.

Во кусото видео се најдоа и неколку претставници на Хрватска, меѓу кои и популарната ѕвезда Северина, која боите на својата земја во 2006 година ги бранеше со „Моја штикла“, а кои се највпечатливите промени на костими во досегашната евровизиска историја дознајте во продолжение.

 

Како што Ви пренесовме неодамна, мотото на годинашниот натпревар е „Осмели се да сонуваш, а токму тоа ќе го направат претставниците на 42 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Во наредните три месеци ќе бидат објавувани и композициите што ќе се борат за титулата „Песна на Евровизија 2019“, а кој ќе ја добие честа да ги брани боите на Македонија во Тел Авив се надеваме дека ќе дознаеме наскоро.

 



Врати се горе ↑