Свет DrawResult2016

26 јануари, 2016

Македонија во втората полуфинална вечер на „Евросонг 2016“

По вчерашното влечење жрепка во Стокхолм, познат е распоредот на земјите учеснички во двете полуфинални вечери на годинешното, 61. по ред издание на „Евровизија“. Вкупно 43 земји го потврдија своето учество на фестивалот, а по пауза од неколку години се враќаат и дел од балканските земји, како што се Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Со оглед на тоа што бројот на земји е непарен, во првата полуфинална вечер ќе настапат 18, а во втората 19. Македонија, односно нашата претставничка Калиопи ќе настапи во првата половина од втората полуфинална вечер. Целосниот распоред погледнете го во продолжение, а конечниот редослед на настапи ќе биде откриен непосредно пред самата манифестација.

Прва полуфинална вечер

Прва половина
  • Ерменија
  • Финска
  • Грција
  • Хрватска
  • Молдавија
  • Холандија
  • Русија
  • Сан Марино
  • Унгарија
Втора половина
  • Азербејџан
  • Босна и Херцеговина
  • Кипар
  • Естонија
  • Исланд
  • Малта
  • Црна Гора
  • Република Чешка
  • Австрија

Втора полуфинална вечер

Прва половина
  • Австралија
  • Ирска
  • Израел
  • Летонија
  • Литванија
  • МАКЕДОНИЈА
  • Полска
  • Швајцарија
  • Србија
  • Белорусија
Втора половина
  • Албанија
  • Белгија
  • Бугарија
  • Данска
  • Грузија
  • Норвешка
  • Романија
  • Словенија
  • Украина

Земјите од „големата петка“ и домаќинот Шведска ќе се претстават во големото финале, а по три од нив ќе гласаат во секоја од полуфиналните вечери, така што Германија, Италија и Обединетото Кралство ќе гласаат во првата вечер, а Франција, Шпанија и Шведска ќе гласаат во втората полуфинална вечер.

 

Покрај албанската, изминатиов период беа претставени уште неколку евровизиски песни, меѓу кои од Малта, Белорусија, Белгија и Ирска. Малта годинава ќе ја прати 34-годишната Ира Лоско со песната „Chameleon“, Александар Иванов, односно Ајван ќе ја претставува Белорусија со темата „Help You Fly“, 37-годишниот Ники Брн ќе ги брани боите на Ирска со „Sunlight“, a 19-годишната Лаура Тезоро ќе настапи во името на Белгија со темата „What’s The Pressure“. Како звучат овие песни слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑