Македонија Eurovision-logo-2013-radiomk

18 јануари, 2013

Македонија во втората полуфинална вечер на Евросонг 2013

По вчерашното влечење на ждрепка, познат е редоследот на земјите учеснички на претстојното 58-мо издание на Евровизија што ќе се одржи од 14-18 мај во Малме, Шведска. Македонија ќе настапува во втората полуфинална вечер и тоа во првиот дел од програмата, а во истата група со нас се и нашите соседи Албанија, Грција и Бугарија.

На првата полуфинална вечер ќе се претстават 16 земји, а на втората 17. Како и обично во големото финале директно одат земјите од големата петорка – Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и секако домаќинот Шведска. Во продолжение погледнете како се поделени земјите кои ќе настапат во двете полуфинални вечери.

 

ПРВА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР:

Прва половина: Данска, Хрватска, Украина, Холандија, Австрија, Словенија, Естонија, Русија.

Втора половина: Литванија, Србија, Ирска, Белорусија, Кипар, Црна Гора, Белгија, Молдавија.

ВТОРА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР:

Прва половина: Латвија, Азербејџан, Малта, Исланд, Сан Марино, МАКЕДОНИЈА, Финска, Бугарија.

Втора половина: Израел, Норвешка, Албанија, Унгарија, Швајцарија, Грузија, Грција, Ерменија и Романија.

 

За прецизниот распоред на земјите ќе одлучат продуцентите на музичкото шоу, одлука која ја донесе Референтната група за време на нивниот последен состанок, а беше одобрена и од телеизискиот одбор на ЕБУ.

 



Врати се горе ↑