15 септември, 2017

Македонија треба да е горда, а Лозано и Лазар Цветкоски ќе ви покажат зошто

„Скоро секоја ’трета’ македонска забавна песна што ја слушаме на радиостаниците е од овој човек, другар и брат, Лазар Цветскоски. Македонија треба да е горда на вакви луѓе и да ги чува како свое национално богатство. Поради сите уметници како него, Македонија и македонскиот јазик и песна ќе има свој идентититет и со што да се пофали“, вака Влатко Лозаноски го пофали својот долгогодишен пријател и соработник, кој ги потпишал речиси сите негови хитови, вклучувајќи го и актуелниот „Ова лето ќе се памти“.

Токму со изведбата на оваа одлична песна музичарите споделија симпатично видео од студио, уште еднаш докажувајќи дека навистина треба да сме горди што ги имаме, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑