Македонија јб

12 март, 2017

Македонија со реални шанси за победа, смета францускиот портал „20 минути“

Францускиот информативен портал „20 минути“ (20 minutes) смета дека годинава Македонија има шанси да го постигне својот најдобар резултат досега, а не ја исклучува можноста и за победа. Имено, „20 минути“ пишува дека „Dance Alone“ е една од најсовремените денс хитови на годинешното издание на „Евровизија“, а доколку сето тоа е спакувано и со добар сценски настап, дефинитивно би се пласирале меѓу најдобрите 10 во финалето.

јана

Ова не е единствената позитивна критика за нашата претставничка Јана и темата „Dance Alone“. Речиси веднаш после премиерата во петокот, под видеото објавено на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб пристигнаа бројни коментари од евровизиски фанови од целиот свет, вклучувајќи ги и честитките од нашите јужни соседи, што е навистина позитивно изненадување.

1 2 3

Само пофални зборови за Јана имаа и бројни колеги од македонската музичка сцена, вклучувајќи ги и нашите претходни претставнички на „Евровизија“, Каролина и Тамара.

каро там

Деновиве се очекува да биде утврден и редоследот на настапи за двете полуфинални вечери, а засега е познато само дека Јана ќе настапи во првата половина од втората полуфинална вечер на 11 мај. Сите досега објавени песни за годинешното, 62. по ред издание на „Евровизија“ можете да ги слушнете овде.

И.Ј.



Врати се горе ↑