Македонија esc2018

10 ноември, 2017

Македонија нема да учествува на „Евровизија 2018“?

Иако МРТ подмири дел од долгот кон ЕБУ, Македонија сепак нема да учествува на претстојното, 63. по ред издание на „Евровизија“, кое следната година ќе се одржи во португалскиот главен град Лисабон. Имено, националниот сервис РТП неодамна откри дека на фестивалот учество ќе земат вкупно 43 земји, но само неколку дена подоцна на официјалниот список со учесници се најдоа само 42 земји, меѓу кои ја нема Македонија.

Како што пишуваат евровизиските портали, отсуството се должи на санкциите од ЕБУ, додека на официјалната веб-страна на фестивалот, eurovision.tv, нема никакво соопштение, исто како што нема ни од МРТ. Јон Ола Санд, извршниот надгледувач на фестивалот, во изјава за „Репортер напиша дека се надева оти Македонија ќе учествува на „Евровизија“ в година.

„Секако дека се надеваме да најдеме решение за МРТ да биде вклучена во Изборот на песна за Евровизија 2018 година и работиме со МРТ и РТП на ова прашање. Ако најдеме заедничко решение, ЕБУ ќе издаде официјално соопштение во соодветно време“, напиша Јон Ола Санд во писмената изјава.

Освен официјалниот список со учесници, деновиве беше откриен и слоганот на претстојната манифестација, кој гласи „All Aboard!“, а дизајнирани беа и повеќе варијации на евровизиското лого за ова издание на фестивалот.

9b6a4f0f23208824f9aac2fbf8a987a9

„Евровизија 2018“ ќе се одржи на 8, 10 и 12 мај следната година, а земјите што ќе учествуваат на ова 63. издание се следните:

  • Албанија
  • Ерменија
  • Австралија
  • Австрија
  • Азербејџан
  • Белорусија
  • Белгија
  • Бугарија
  • Хрватска
  • Кипар
  • Република Чешка
  • Данска
  • Естонија
  • Финска
  • Франција
  • Германија
  • Грузија
  • Грција
  • Унгарија
  • Исланд
  • Ирска
  • Израел
  • Италија
  • Летонија
  • Литванија
  • Малта
  • Молдавија
  • Црна Гора
  • Холандија
  • Норвешка
  • Полска
  • Португалија
  • Романија
  • Русија
  • Сан Марино
  • Србија
  • Словенија
  • Шпанија
  • Шведска
  • Швајцарија
  • Украина
  • Обединетото Кралство

И.Ј. / Фотографии: eurovision.tv



Врати се горе ↑