Настани nki-03

29 декември, 2015

Македонија ќе го дочека Илинден во Охрид со Ники Ромеро

Иако во моментов во фокусот се новогодишните и божиќните празници, веќе ја имаме првата информација за еден од настаните што ќе го одбележи летото од претстојната 2016 година! Станува збор за миленикот на светската електро-денс сцена, омилениот хедлајнер на фестивалите „Tomorrowland“ и „Ultra Music“ – Ники Ромеро (Nicky Romero), кој за првпат во Македонија ќе приреди ексклузивен сет, и тоа на први август, ноќта спроти големиот празник Илинден во Охрид, а сето тоа благодарение на „Авалон продукција“!

Водечката холандска диџеј ѕвезда зад себе има соработки со ѕвезди како што се Тиесто, Фед ле Гранд, Сандер ван Дум, Дејвид Гета, Келвин Харис, Авичи и Хардвел, а неодамна се закити и со европската музичка награда на Ем-ти-ви (MTV EMA) за најдобар холандски изведувач (каде ги престигна неговите сонародници Тиесто, Армин ван Бјурен, Хардвел, Фед ле Гранд, Афроџек и др.).

Според листата на 100 најдобри светски диџеи, познатиот „DJ Magazine“ го рангираше Ромеро во првите десет.

Ники Ромеро во 2012 г. станува популарен со мегахитот „Toulouse“ и оттогаш неговата популарност оди во нагорен правец. Покрај продуцентската работа, Ромеро во моментов е резидент и на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени. Ова лето Ники Ромеро ќе биде главна ѕвезда на денс арената на годинашниот фестивал „Егзит, заедно со германскиот диџеј Робин Шулц, на која, меѓу другото, ќе прозвучат неговите мегахитови Legacy“, „Symphonica и „Toulouse“, тандемскиот супер синглI Could be the One со Авичи (кој доживеа масовен успех во Европа, особено во Велика Британија, искачувајќи се на првото место на британската топ листа многу брзо по неговото излегување), како и новата нумера со наслов „Let Me Feel“.

 

Како продуцент, Ромеро работел на албумите на Ријана (Unapologetic), Бритни Спирс (Britney Jean) и Сиа.

Деталите во врска со локацијата на која ќе биде одржан концертот на Ромеро, како и за продажбата и цената на влезниците, дополнително ќе бидат објавени во втората половина на јануари, соопштија од „Авалон“.

 



Врати се горе ↑