11 мај, 2017

Македонецот што го споредуваат со Тоше го објави новиот сингл

Талентираниот велешанец Мусти Изеировски, кого регионалните медиуми го опишуваат како „достојна замена за најпопуларниот Македонец досега, Тоше Проески“, деновиве го објави својот нов, четврт по ред сингл во неговата кариера. Станува збор за темата насловена „Среќо моја“, која стигна заедно со видео запис и за која се вели дека ќе го постигне најголемиот успех досега.

Песната е снимена во студиото на Саша Диниќ, музиката е на Мусти, Вулета и Вито, стиховите се на Белети и Вито, а видеото е во заедничка реализација на Мусти и Рамче Таировски. Како изгледа и звучи „Среќо моја“ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑