Аудио ace-waof

11 јуни, 2014

Македонец сними химна за Светското Првенство во фудбал 2014

За Светското Првенство во фудбал кое годинава се одржува во Бразил, ФИФА во мај претстави и музички албум на кој се најдоа песни од изведувачи како што се Шакира, Рики Мартин, Џанел Моне, Карлос Сантана и други, како и официјалната химна „We Are One (Ole Ola)“ од Питбул, Џенифер Лопез и бразилската ѕвезда Клаудија Леите.

За фудбалското лудило кое официјално започнува утре (12 јуни), свој придонес даде и Александар Котевски, Македонец кој живее во Австралија. Песната насловена „World At Our Feet“ е во рок стил и е комплетно авторско дело на Котевски, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑