Македонија

19 септември, 2016

Македонец ја отвора новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Христијан Тришоски (24), младиот талентиран музичар од Кичево е Македонецот кој ќе го скрши мразот на новата гламурозна сцена во студиото и ќе ја отвори новата сезона на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, претстојниот викенд, во сабота на 24 септември со почеток во 20 часот започнува 11. по ред телевизиска сезона на регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а честа прв да настапи на новата сцена ја има токму нашиот Христијан Тришоски.

img_1510

Тришоски со музика започнува да се занимава уште од петто одделение кога за прв пат почнува да посетува приватни часови по музика. Своето образование Христијан го продолжил како теоретичар во средното музичко училиште во Битола, а часови по соло пеење почнал да посетува веќе на 17-годишна возраст. Часовите по соло пеење му помогнале да го одреди својот музички правец и да продолжи како соло пејач на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

img_1477

Христијан Тришоски е роден на 31 јануари 1992 година, а зад себе веќе има искуство како музички професор во основното училиште „Христо Узунов“ во Кичево. Неговата музичка група „Нота Бенд – Тришо“ брои 5 членови: Христијан Тришоски – вокал, Бојан Кузманоски – клавијатура, Даниел Божиноски – саксофон, Дејан Богданоски – тапани и Илија Калески – хармоника.

img_1501

Единаесетта сезона на „Ѕвездите на Гранд“ носи многу нови предизвици, комплетно нова сцена и ѕидови пред секој член на жирито кои ќе се креваат и симнуваат според дадениот глас. Наградите и оваа година се исти, односно, победникот добива ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“, комплетен музички албум и стан во Белград.



Врати се горе ↑