Балкан

16 април, 2018

Македонец го згреши текстот во „Ѕвездите на Гранд“

Во саботното издание на музичката емисија „Ѕвездите на Гранд“, во првиот дуел настапуваше и Македонецот Стефан Величковски од Скопје. Тој се претстави  со песните „Ти си ми у крви“ од Здравко Чолиќ и „Срце није камен“ од Тоше Проески.

Но, кога Стефан започна да ја пее песната од Чолиќ, од трема го згреши текстот, па наместо да запее „Погледом ме милијуеш, к’о да ме додирујеш“ запеа „Погледом ме милијуеш к’о да ме узбуџујеш“, а жирито падна од смеа.

„Јас морам да кажам дека кандидатот имаше многу трема, дури и го заборави текстот, па ние суфлиравме“, рече водителката Сања Кужет. Инаку, Стефан освои шест гласови, но на крајот помина во четвртиот круг. Неговиот настап започнува на 00:06:30.



Врати се горе ↑