Видео

16 јуни, 2019

Македонците растурија во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“

Македонските кандидати растурија во вчерашното полуфинале од оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, чие финале нè очекува веќе в четврток, на 20 јуни. Имено, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Филип Пецовски и Дарко Коцевски Даринос имаа одлични настапи и сите ја добија шансата да се борат за првото место во финалето.

Како што можевме да видиме и во најавата за полуфиналето, најинтересен настап имаше Филип Пецовски, кој направи вистински хаос на сцената, изведувајќи ги песните „Хајдемо у планине“ и „Африка“, а последниот дел од песната го отпеа правејќи склекови.

View this post on Instagram

Ideme jakooooooo 💪💪💪🎤❤️ @zvezdegranda

A post shared by FILIP PECOVSKI (@filippecovski) on

Во дуел настапија Дарко Коцевски Даринос и Огнен Здравковски, а во овој македонски дуел и двајцата  поминаа во финале. Даринос се претстави со песните „Загрли ме“ од Адил  и „Гељан даде“ oд Шабан Бајрамовиќ, а за оваа изведба имаше и посебен перформанс.

Огнен се претстави со песните „Од милион жена“ од Тони Цетински и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ. Мартинијан Кириловски под менторство на Јелена Карлеуша успеа да се пласира во финалето, а во претпоследната емисија тој се претстави со песните „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ.

Како што споменавме, сите четворица ќе имаме можност да ги гледаме и во големото финале в четврток, а како се претставија во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑