Видео dt-s-xf

6 април, 2015

Македонците продолжуваат да воодушевуваат на „Х фактор“

Во рамките на синоќешната трета епизода од втората сезона на „Х фактор“ имавме можност да погледнеме мошне интересни аудиции, но секако за нас се издвоија настапите на нашите Давид Темелков и дуото „Спарклс“. 22-годишниот скопјанец, за кој Жељко рече дека има глас како познатиот Џони Логан („Hold Me Now“, победник на Евровизија в0 1987 година), го импресионираше жирито со изведбата на баладата „Kiss From a Rose“ од Сил. Темелков во 2013 година дебитираше на македонската сцена со баладата „Молитва“, чиј автор е Андреј Миске, а доколку ја пропуштивте неговата аудиција на „Х фактор“, погледнете ја во продолжение.

 

Тања Бајковска и Владимир Ризовски, кои настапуваат под името „Спарклс“, ја отпеаја темата „Too Close To Love You“ од Алекс Клер, а од домашната сцена ја одбраа познатата „Некогаш и негде“ од Владо Јаневски. Освен Жељко, останатите членови на жирито им дадоа потврден одговор за продолжување во наредната фаза од натпреварот, па се надеваме дека ќе тргнат по стапките на Алекс и Сиера, кои триумфираа на третата и последна сезона од американскиот „Х фактор“.

Аудицијата на „Спарклс“ Ве очекува во продолжение, а веднаш потоа можете да ги прегледате и сите настапи од синоќешната епизода, кои (конечно) се достапни на официјалниот канал на Јутјуб.

 

На аудициите од првата епизода, кога фаворит ни беше нашиот Алмир Исмаили, можете да се потсетите овде, а на втората епизода, кога нè воодушеви битолчанката Марија Груевска, потсетете се овде.



Врати се горе ↑