Настани ImageProxy

6 мај, 2014

Македонците „Хардфејсд“ настапуваат на „Експлозив“ бината на ЕГЗИТ!‏

Ова лето подгответе се за најтврдиот звук на Петроварадинска тврдина затоа што најекстремната бина на ЕГЗИТ фестивал се враќа во голем стил! Во четирите дена на „Експлозив“ ќе се претстават 36 бендови од 14 земји, од герилскиот андерграунд до светски популарните мејнстрим имиња, меѓу кои е и македонскиот хардкор-метал бенд „Хардфејсд“ (HARDFACED)!Енергијата на ЕГЗИТ авантурата толку е жестока што минатогодишниот „Рифс & Битс“ експлодира во уште посилна програма на „Експлозив“ бината која ќе биде домаќин на сите љубители на метал, панк, рок и хард звукот, со бендови како„Сабатон“ (SABATON), „Медбол“ (MADBALL), „7Секондс“ (7 SECONDS),„Аркона“ (ARKONA), „Детх бифор дисонор“ (DEATH BEFORE DISHONOR),„Хелер“ (HELLER), „Хобс ејнџл оф детх“ (HOBBS ANGEL OF DEATH),„Џамбинаи“ (JAMBINAIи многу други!

Годинава на „Експлозив“ бината ќе се претстави и охридскиот хардкор-метал состав, „ХАРДФЕЈСД“, кој неодамна ја одбележаа десетгодишнината од своето постоење со двонеделна европска турнеја низ седум држави, а во име на славеничката година доаѓа и нивниот втор настап на ЕГЗИТ фестивал.Бендот ќе настапи на „Експлозив“ бината во саботната вечер на 12 јули и тоа покрај едно од најголемите светски имиња кои годинава ќе се претстават на оваа бина и еден од најзначајните панк/хардкор бендови на сите времиња, американскиот состав „7 секндс“ (7 SECONDS). Инаку, „Хардфејсд“ постојат од 2004. година. Имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат отсвирено над 100 концерти и во моментов го привршуваат својот трет албум.

На самото отворање на ЕГЗИТ фестивал, во четврток, 10 јули, ѕвезди на „Експлозив“ ќе бидат „МЕДБОЛ“ (С.А.Д.), бруталниот њујоршки хардкор состав, кој пред 25 години го основа тогаш дванаесетгодишниот Фреди Крисиен (Freddy Cricien), а кој денес важи за еден од најодговорните творци на некои од најголемите хитови кои ги изнедри хардкор музиката. Ним ќе им се придружат младите претставници на американската хардкор сцена, „ДЕТХ БИФОР ДИСОНОР“. По турнејата со „Медбол“, „Агностик Фронт“ „Чемпион“, „Фул Блоун Кеос“ и „Терор“, како и големиот успех на нивната песна ‘Break Through It All’, „Детх бифор дисонор“ докажаа дека израснаа во големо и барано име во хардкор светот. Истиот ден на ЕГЗИТ се враќа грчкиот бенд „Планет оф Зеус“ (PLANET OF ZEUS). Стонер метал герилата која без пауза настапува ширум Европа овие денови го објавува својот најнов албум и ексклузивната лајв премиера на истиот ќе ја изведат токму во јули на Петроварадинската тврдина. Покрај нив, на првиот ден на ЕГЗИТ фестивал ќе настапат и „Ин д кросфајр“ (IN THE CROSSFIRE), „Роар“ (ROIR), „Тибиа“ (TIBIA), „Ол ексепт Уан“ (ALL EXCEPT ONE) и „Тона“ (TONA).

Хедлајнер на вториот ден на „Експлозив“ бината на ЕГЗИТ фестивал ќе биде ни повеќе ни помалку туку најпознатиот руски паган метал бенд „Аркона“ (ARKONA). Спојот на старословенски етно мотиви и метал звук, на чело со атрактивната Маша симболично облечена во волчја кожа, го сместуваат овој бенд меѓу најбарните на денешната метал сцена. Од Шведска во петок ни’ доаѓа составот „Сикст Авејкенинг“ (6TH AWAKENING),  на чело со уште еден разорен женски вокал на Ловиса Вилевик. Шведскиот состав негува традиционален „детх блек“ метал стил, со препознатливиот шмек на тамошната школа, а неодамна го објави и најновото ЕП по наслов „Jartecknen“. Бисерот на австриската андерграунд сцена, предводен од Ален Леонардо, „Он/Оф Корпорејшн“ (ON/OFF CORPORATION), е најдобриот претставник на хеви индустриал стилот, а нивната свирка ќе ве натера инстантно да станете еден од нивните фанови, доколку веќе не сте. Ним им се придружуваат и „Елеџи оф меднес“ (ELEGY OF MADNESS) од Италија, хрватите „Рајзинг дрим“ (RISING DREAM), спрските бендови „Конкрит сан“ (CONCRETE SUN), „Ашен епитаф“ (ASHEN EPITAPH) и „Брнинг сркл“ (BURNING CIRCLE).

Саботната вечер на „Експлозив“ ќе го угости американскиот состав „7 секндс“ (7 SECONDS), еден од најзначајните панк/хардкор бендови на сите времиња, кој зад себе има бројни изданија, илјадници концерти и турнеи, како и хитови кои се пејат хорски со високо подигнати тупаници. Оваа пролет, бендот го објавува својот нов албум „Leave A Light On“, прв по 9 години, а потоа заминува на европска турнеја, каде што еден од концертите е токму овој на „Експлозив“! Дозата панк од ’77. ја подготвуваат „Пиг игнерентс“ (PIG IGNERENTSод Велика Британија и новиот состав на некогашниот фронтмен на „Ди Игнерентс“, кој на својот репертоар има само песни од овој култен британски бенд. Домашна поддршка ним ќе им пружи „Пролече“ (PROLEĆE), еден од најоригиналните новосадски панк/хардкор состави, а од Хрватска доаѓа „САША 21“ (SAŠA 21),новиот бенд на Сале Веруда, некогашен гитарист на легендарните „КУД Идијоти“, класично панк-рок трио со целосно нови авторски песни. Во сабота на „Експлозив“ доаѓаат и „Хардфејсд“ (HARDFACED) од Македонија,  „Гужва у 16-ерцу“ (GUŽVA U 16-ercu) од Хрватска, а од Србија групите „Шоплифтерс“ (SHOPLIFTERS) и „Гоатмар&Хелспејдс“ (GOATMARE&HELLSPADES).

Конечно, последниот ден на фестивалот мрачната свита на „Експлозив“ бината ќе ја предводи големата хеви метал ѕвезда, шведскиот бенд „Сабатон“ (SABATON), познат по распродадените хали ширум светот, неодминливиот хедлајнерски статус на сите големи фестивали, бројните награди и златните и платинести тиражи. На ЕГЗИТ доаѓаат во рамки на актуелната турнеја која го следи нивниот најнов албум „Heroes“, кој ќе се појави во продажба на 16. мај. Домашна поддршка ќе биде култниот југословенски треш метал состав „Хелер“ (HELLER), кој во 2014. година го најави своето враќање со турнеја, на радост на многубројните фанови во регионот. Во недела доаѓаат и пионерите на треш метал звукот, австралискиот бенд „Хобс ејнџл оф детх“ (HOBBS ANGEL OF DEATH), еден од ценетите бендови на старат сцена, предводени од харизматичниот Питер Хобс. Заедно се исчекува и настапот на јужнокорејскиот амбиентал метал бенд „Џамбанаи“ (JAMBINAI), кој оваа година ќе ја освои Европа. Фестивалот на „Експлозив’ бината го затвораат и „Виолентор“ (VIOLENTOR) од Италија, „Гудбај ту гравити“ (GOODBYE TO GRAVITY) од Романија и од Србија „Колац“ (KOLAC) и „Спид Мерчантс“ (SPEED MERCHANTS).

Конечно, последниот ден на фестивалот мрачната свита на „Експлозив“ бината ќе ја предводи големата хеви метал ѕвезда, шведскиот бенд „Сабатон“ (SABATON), познат по распродадените хали ширум светот, неодминливиот хедлајнерски статус на сите големи фстивали, бројните награди и златните и платинесто тиражи. На ЕГЗИТ доаѓаат во оквир на актуелната турнеја која го следи нивниот најнов албум „Heroes“, кој ќе се појави во продажба на 16 мај. Домашна поддршка ќе биде култниот југословенски треш метал состав „Хелер“ (HELLER), кој во 2014 година го најави своето враќање со турнеја, на радост на многубројните фанови во регионот. Во недела доаѓаат и пионерите на треш метал звукот, австралискиот бенд „Хобс ејнџл оф детх“ (HOBBS ANGEL OF DEATH)еден од ценетите бендови на старат сцена, предводени од харизматичниот Питер Хобс. Заедно се исчекува и настапот на јужнокорејскиот амбиентал метал бенд „Џамбанаи“ (JAMBINAI), кој оваа година ќе ја освои Европа. Фестивалот на „Експлозив’ бината го затвораат и „Виолентор“ (VIOLENTOR) од Италија, „Гудбај ту гравити“ (GOODBYE TO GRAVITYод Романија и од Србија „Колац“ (KOLAC) и „Спид Мерчантс“ (SPEED MERCHANTS).

 



Врати се горе ↑