Аудио gs

12 февруари, 2016

„Make Me Like You“ е новата песна на Гвен Стефани

Гвен Стефани објави уште една песна од претстојниот албум „This Is What the Truth Feels Like“. Станува збор за темата насловена „Make Me Like You“, чии автори се продуцентите Да Робин и Мет Мен, а видео записот се очекува да пристигне наскоро.

 

Новиот, 3. по ред студиски албум во нејзината соло кариера, Стефани ќе го објави на 18 март, а го најави со синглот „Used to Love You“, чиј видео запис беше претставен во октомври минатата година. Оваа песна воедно беше и првата што ја објави после разводот со Гевин Росдејл, со кого беше во брак од 2002 до 2015 година и има три синови.

 



Врати се горе ↑