Свет vida23bb_87

29 октомври, 2012

Макартни: Јоко Оно не ги растури Битлси!

Некогашниот член на легендарните Битлси во интервјуто кое неодамна го дал за телевизијата Ал Џазира на аглиски, изјавил дека вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно, не е виновна за распадот на бендот. Тој истакнал дека нема потреба да ја обвинуваат за ништо.

Макартни во интејвуто кое ќе биде емитувано следниот месец, додал дека Ленон дефинитивно планирал да замине. По распадот на Битлси во 1970 и смртта на Ленон во 1980 година, започнаа шпекулации дека Јоко Оно е одговорна за распадот на бендот. Исто така, Макартни истакна дека Ленон никогаш не би го напишал хит синглот „Imagine“(Замисли) без влијанието на концептуалната уметност. Кога Ленон се запознал со Оно, дел од нејзината привлечност вила и нејзината авангардна страна, нејзиниот поглед на работите. Таа му покажала еден поинаков вид на постоење кој му бил многу привлечен и така дошло времето Џон да си оди.

Во истото интервју Макартни зборувал и за смртта на неговата мајка кога тој имал 14 години, а и за смртта на неговата прва сопруга Линда во 1998 година. Искуствата со неговиот татко и дедо ги опишал како „најдоброто нешто“ што му се случило. И Макартни и Ленон изградија успешни соло кариери после распадот на легендарниот бенд.

По повод 50 години од формирањето на бендот, на почетокот на месецов беше повторно издаден нивниот прв сингл „Love Me Do“ од 1962 година.


Врати се горе ↑