23 јули, 2014

Мајли танцува во новиот видео запис на Фарел; Погледнете го „Come Get It Bae“

Познатиот хитмејкер Фарел Вилијамс ги израдува своите фанови со уште еден видео запис за третиот сингл од неговиот актуелен втор студиски албум „GIRL“. Станува збор за темата насловена „Come Get It Bae“, во која гостува колешката Мајли Сајрус и која се појавува и во самиот видео запис режиран од Луис Серверо. Како и целиот албум, така и оваа песна е посветена на женската убавина, а како изгледа нејзината екранизација со пораката „Убавината нема рок на траење“, можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑