Видео Miley C

20 октомври, 2012

Со Мајли Сарјус висок рејтинг на „Два и пол мажи“

Мајли Сајрус,  најпозната по улогата на сензацијата Хана Монтана, појавувајќи се во најновата епизода од телевисизкото шоу „Два и пол мажи“ значително го подигна рејтингот на гледаност, кој беше во мал пад откако Чарли Шин беше избркан, а на местото на новиот лик во серијата Волден Шмидт дојде младиот актер Ештон Кучер. Сајрус, која е ќерка на кантри пејачот Били Реј Сајрус, својата популарност ја зголеми и со започнување на музичка кариера во 2007 година.

Во изминатиот период, покрај филмските улоги, Мајли го подготвува и нејзиниот четврт студиски албум кој се снима во соработка со Фарел Вилијамс во Мајами и со Хит Бој кој продуцираше за Канје Вест, Џеј Зи и Еминем во Лос Анџелес. На 6ти семптеври годинава, таа објави дека првиот сингл кој како најава албумот ќе излезе до крајот на годината. Нејзниниот последен албум „Can’t Be Tamed” постигна голем успех во 2010 година, да се потсетиме како звучеше насловната нумера од албумот.

 



Врати се горе ↑