Видео

3 јули, 2019

Мајли Сајрус со контроверзно видео за „Mother’s Daughter“

„Мое тело, мои правила“, „Не се за*бавај со мојата слобода“, порачува Мајли Сајрус со песната „Mother’s Daughter“, која ја смести на неодамна објавеното ЕП-издание „She Is Coming“ и која штотуку си доби мошне експлицитна и контроверзна визуализација. „Музиката ги прави движењата, ние ја имаме моќта“, напиша таа во најавата за новото видео исполнето со дури непријатни сцени, но сето тоа со цел да ја нагласи важноста за рамноправноста и прифаќањето на различностите.

Меѓу бројните жени што се појавуваат во видеото е и мајката на Мајли, Тиш Сајрус.

Mother’s Daughter“ е само дел од новитетите што ги претстави Мајли изминатиов период, меѓу кои е и синглот „On A Roll“, објавен како нејзиното алтер-его Ешли Оу, а наскоро се очекува и соработката со колешките Аријана Гранде и Лана Дел Реј, со кои сними песна за претстојната нова филмска адаптација на „Чарлиевите ангели“.

Љубителите на нејзината музика од регионов ќе имаат можност да ја слушнат Мајли во живо на годинашното издание на фестивалот „Сани хил“ во Приштина, кое ќе се одржува од 2 до 4 август.



Врати се горе ↑