27 декември, 2013

Мајли Сајрус сними видео запис меѓу чаршави

Пејачката која изминатава година дефинитивно беше најконтроверзната личност на музичката сцена, Мајли Сајрус неодамна го претстави својот трет сингл од четвртиот студиски албум „Bangerz“, која постигна огромен комерцијален успех. Станува збор за баладата насловена „Adore You“, која вчера доби и свое видео издание, во кое пејачката лежи во постела прекриена со чаршави, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Новиот видео запис претставува крај на одличната година за Мајли, чиј албум и промоција вклучуваа голотии, марихуана и слични претстави. Покрај тоа што го достигна првото место на билбордовата 200 листа, првите два сингла од ова издание „We Can’t Stop“ и „Wrecking Ball“ исто така стигнаа до првото место на билбордовата Hot 100 листа, а нивните видео записи се најгледаните на платформата VEVO.

 



Врати се горе ↑