Свет

5 декември, 2018

Мајли Сајрус најави нова музика за следната година

За само неколку дена од објавувањето, новиот сингл на Мајли Сајрус и Марк Ронсон„Nothing Breaks Like A Heart“ – собра над 7 милиони преслушувања на Спотифај, а видеото на Јутјуб го погледнале преку 12 милиони гледачи. Сето тоа е доказ дека обожавателите на некогашната Дизниева ѕвезда се жедни за нов материјал од својата миленичка, која веќе потврди дека новиот материјал е на пат.

„Сè уште немам точен датум на издавање, но во новата година сигурно ќе слушате уште многу нова музика од мене“, изјавила 26-годишната пејачка во неодамнешен разговор со американско радио. Имено, таа започнала со работа на нови песни уште пред да го објави минатогодишниот албум „Younger Now“, колекција на песни со кантри-призвук која не го доби заслуженото внимание.

Веројатно затоа Сајрус рекла дека „завршила“ со тоа поглавје, па веќе се шпекулира дека со претстојниот албум ќе му се наврати на урбаниот звук, во стилот на мошне успешниот „Bangerz“ (2013), на кој се најде и мегапопуларната „Wrecking Ball“.



Врати се горе ↑