Свет reg_1024.miley.twohalfmen2.mh.092412

1 декември, 2012

Мајли Сајрус ќе го замени Енгус Џоунс во „Два и пол мажи“?

Познатата американска пејачка Мајли Сајрус, откако се појави во две епизоди од популарната ТВ комедија „Два и пол мажи“, значително го зголеми рејтингот на ова шоу. Како што пишува Celebuzz, креаторите на шоуто размислуваат да ѝ дадат постојана улога, особено откако неодамна актерот кој ја игра улогата на Џејк Харпер, Енгус Т. Џоунс даде неочекувана изјава дека „шоуто е лошо и никој не треба да го гледа“. Оваа изјава Џоунс ја даде откако „го откри Господ“ и стана многу религиозен, а тоа е тотална спротивност од она што се случува во популарната ТВ серија.

Со оглед на зголемената гледаност благодарение на Мајли, се шпекулира дека таа може да дојде на негово место, односно нејзиниот лик да се запише на колеџ и со тоа да живее во луксузната вила на билионерот Волден Шмидт во Малибу, ликот кој го игра актерот Ештон Кучер. Ако Мајли го прифати овој ангажман, тоа ќе значи дека новиот албум ќе задоцни, а таа вест може да ги разочара нејзините фанови.

 



Врати се горе ↑