Видео

13 јуни, 2019

Мајли Сајрус има нов сингл како нејзиниот лик Ешли Оу

Мајли Сајрус штотуку објави нов сингл, но интересно е тоа што темата насловена „On a Roll“ пристигна под псевдонимот Ешли Оу. Имено, пејачката и актерка, која кариерата ја започна како Дизниевата ѕвезда Хана Монтана, неодамна се појави во епизода од серијата „Црно огледало“ (Black Mirror), играјќи ја улогата токму на суперѕвездата Ешли Оу, а нејзините обожаватели веднаш изразија желба да слушнат уште нешто од измислениот лик, па желбата им се исполни.

 

Новиот сингл доаѓа набрзо по објавувањето на ЕП изданието „She Is Coming“, на кое Мајли смести вкупно шест песни и кое дебитираше на 5. место на Билбордовата листа. Но, ни тоа не е сè, бидејќи во наредните неколку месеци можеме да очекуваме уште две ЕП изданија – „She Is Here“ и „She Is Everything“ – а сите три заедно ќе го сочинуваат новиот албум „She Is Miley Cyrus“.



Врати се горе ↑