Свет f655e64206aa42c4a105f110e8f538ff

6 ноември, 2012

Мајли Сајрус доби непристојна понуда

Пејачката Мајли Сајрус (19) добила непристојна понуда од порталот sex.com. Имено, порталот ѝ понудил милион долари за да сними порно филм. Откако Мајли го сними контроверзниот спот за „Decisions“, каде што се бакнува со нејзиниот вереник Лијам Хемсворт, претставниците на порталот ѝ пратиле порака на нејзината електронска пошта каде што ѝ ја соопштиле нивната понуда. Тие наводно ѝ предложиле да сними римејк на нејзиниот најнов спот со тоа што улогата на нејзиниот вереник би ја зела вистинската порно ѕвезда, Џеси Ендрјуз. На Сајрус ѝ била препуштена одлуката до која мера би бил експлицитен овој спот, а за тоа би добила и примамлив надоместок.

Извор: Блиц Онлајн



Врати се горе ↑