Свет michael-jackson

27 октомври, 2013

Мајкл Џексон со најголема заработка од починатите славни личности

Легендарниот американски пејач Мајкл Џексон повторно се најде на врвот на листата на Форбс за починати славни личности со најголема заработка. Откако минатата година актерката Елизабет Тејлор го симна од врвот, Џексон годинава повторно се врати на првото место со постхумна заработка од 160 милиони долари. Пејачот почина во 2009-та, а Тејлор во 2011 година. Поголемиот дел од парите ги заработи од двете претстави „Cirque du Soleil“, каталогот Mijac Music, продажбата на музика и од приходите кои ги носи учеството во половина од корпорацијата Sony/ATV, која меѓу другото ги има и правата на некои од хитовите на Битлси, Лејди Гага, Еминем и Тејлор Свифт, наведува Форбс.

Елвис Пресли кој почина во 1977 година, се најде на второто место со 55 милиони долари, авторот на „Peanuts“ – Шулц е на третото место со заработка од 37 милиони долари, а со 25 милиони долари на четвртото место е актерката Елизабет Тејлор.

 



Врати се горе ↑