15 август, 2014

Мајкл Џексон прв музичар кој промовирал видео запис на Твитер

Легендарниот Крал на поп музиката деновиве забележа уште еден историски момент во светот на музиката. Имено, видео записот за вториот сингл од неговиот втор постхумен албум „Xscape“, екранизацијата за темата „A Place With No Name“ вчера беше премиерно претставена на Твитер, со што Мајкл Џексон стана првиот музичар кој промовирал музички видео запис на оваа социјална мрежа.

Како што е познато, новиот албум на Џексон содржи осум претходно необјавени песни кои беа „исчитени“ и „осовременети“ од тим на продуценти предводени од Тимбаленд. Џексон ја снимил „А Place With No Name“ во 1998 година, користејќи семпл од песната „A Horse With No Name“ која во 1972 година ја претстави групата Америка, а за новата современа верзија се погрижи норвешкото продуцентско дуо Старгејт.  Видео записот е во режија на Семјуел Бејер (Samuel Bayer), кој режирал видео записи за имиња како што се Ролинг Стоунс и Нирвана, а покрај приказната која го следи самиот текст на песната, искористени се и делови од снимањето на видео записот за „In The Closet“ од 1992 година.



Врати се горе ↑