Свет

4 ноември, 2016

Мајкл Бубле става сè на пауза, на синот му е дијагностициран рак

Популарниот канадски пејач Мајкл Бубле изминатиов период е мошне зафатен промовирајќи го својот најнов албум „Nobody But Me“, а доби улога да биде водител на доделувањето на британските музички награди, како и на музичките награди „Џуно“ во родната Канада. Но, сега сето тоа е ставено на пауза бидејќи на неговиот постар син, 3-годишниот Ноа, му е дијагностициран рак…

14052714_1654007531582538_1080950252_n

„Потресени сме од неодамнешниот дијагностициран рак на нашиот најстар син Ноа, кој во моментов е на терапија во САД. Отсекогаш сме ја нагласувале важноста на семејството и љубовта што ја имаме за нашите деца. Луисана и јас ги ставивме нашите кариери на пауза со цел да му го посветиме сето наше време и внимание на Ноа и да му помогнеме побрзо да оздрави. Во овие тешки моменти, сè што бараме од вас се вашите молитви и почит за нашата приватност. Имаме долга борба пред нас и се надеваме дека со поддршката на семејството, пријателите и обожавателите ширум целиот свет, со Господ напред ќе ја победиме оваа битка“, пишува во соопштението од пејачот.

mb

Ноа е првиот син на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато, роден на 27 август 2013, а неговиот помал брат Елијас во јануари ќе наполни 1 година.

la-salud-de-los-famosos-2296497w620

 



Врати се горе ↑