Свет michael-buble

12 ноември, 2012

Мајкл Бубле со нов албум и дует со Риз Витерспун

Канадскиот пејач кој ја започна кариерата пеејќи ги најголемите хитови од минатиот век, како што се оние н Френк Синатра, Елвис Присли и другите нивни современици, Мајкл Бубле подготвува нов албум кој треба да излезе на почетокот на 2013 година. Уште еден новитет во врска со пејачот е можноста да сними дует со актерката Риз Витерспун. Бубле минатата година издаде празничен албум со божиќни песни, а имаше и емисија каде што гостуваа сите соработници кои запеаја со него на тој проект.

Бубле неодамна соработуваше и со латино ѕвездата Талиа, а на нејзиниот нов албум се најде и нивната соработка „Besame mucho“. Инаку пејачот минатата година среќно се ожени со актерката и модел Луисана Лопилато, која најдобро ја знаеме како Миа Колучи од хит серијата „Млади бунтовници“, а парот се запознал извесно време пред снимањето на видео записот за синглот „Haven’t Met You Yet“.

 



Врати се горе ↑