Свет 2670250-michael-bubl-643-482

25 ноември, 2012

Мајкл Бубле повторно со празнично шоу

Како и минатата година, така и оваа канадскиот пејач Мајкл Бубле ќе води уште едно празнично шоу на американската телевизија NBC, насловено „Michael Bublé: Home for the Holidays“. Бубле, кој самиот себе еднаш се опиша како „Божиќна проститутка“, и оваа година ќе ја забавува публиката со одлични божиќни и новогодишни нумери, пеејќи сам и во придружба на неговите гости, а годинава тоа ќе бидат Карли Ре Џепсен, Род Стјуард и тренерот од музичкото шоу „The Voice“ Блејк Шелтон. Шоуто ќе се емитува во понеделник, 10-ти декември, а песните кои ќе бидат изведени се: „Jingle Bell Rock“, „Let It Snow“, „All I Want For Christmas Is You“, „Winter Wonderland“, магичниот дует со Бинг Крозби „White Christmas“ и многу други.

 

Мајкл Бубле е еден од „најпразничните“ пејачи воопшто. Неговиот „Божиќен“ албум во 2011 година беше втор најпродаван, не само од празничните изданија, туку воопшто во тој период. Ова е секако одлична идеја за празнично загревање, па се надеваме дека и кај нас ќе имаме можност да видиме нешто слично за време на претстојните празници. Во продолжение уживајте со компилација од најубавите песни за најубавиот период од годината, се разбира во изведба на Мајкл Бубле.

Извор: Popcrush.com



Врати се горе ↑