Свет 12195861_10153230978904157_6849381382476565104_n

3 ноември, 2015

Мајкл Бубле и годинава ќе ни ги разубави празниците!

Популарниот канадски музичар Мајкл Бубле по петти пат подготвува специјална емисија за претстојните новогодишни и божиќни празници, во чии рамки повторно ќе ги отпее најпознатите празнични рефрени! Пејачот, кој веќе е прогласен за „Крал на празниците“, зад себе го има и веќе класичното издание „Christmas“ од 2011 година, а во претходните четири години во своите емисии запеа заедно со колеги како што се Гери Барлоу, Кели Роланд, Џастин Бибер, Карли Ре Џепсен, Род Стјуард, Блејк Шелтон, Мараја Кери, Мери Џеј Блајџ, Барбра Страјсенд, Аријана Гранде и други.

Бубле ја соопшти веста вчера, преку социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од тимот со којшто го подготвува сценариото за новата емисија. Сè уште не е познато кои колеги ќе му се придружат овој пат, но сигурно е дека нè очекува уште едно одлично доживување, кое ние (веројатно) ќе можеме да го проследиме на Јутјуб.

Минатогодишното шоу одржано во Њујорк можете да го погледнете овде, она од 2013 година ќе го најдете овде, од 2012 овде, а од 2011 овде.



Врати се горе ↑