11 октомври, 2016

Мајкл Бубле го претстави комичното видео за „Nobody But Me“

Мајкл Бубле штотуку го објави новиот видео запис за насловната тема од претстојниот албум „Nobody But Me“, а живописната и комична екранизација е одлично дополнување на оваа весела песна. Познатиот пејач се појавува во неколку улоги, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

„Nobody But Me“ ќе биде деветти по ред студиски албум за Бубле и ќе биде објавен за точно десет дена, на 21 октомври, а во февруари следната година ќе имаме можност да го видиме и во улога на водител на претстојното доделување на британските музички награди.



Врати се горе ↑