Видео

23 декември, 2018

Мајкл Бубле го објави празничниот магичен дует со Бинг Крозби

Популарниот канадски пејач Мајкл Бубле, кого заради бројните празнични емисии и одличниот празничен албум „Christmas“ (2011) го нарекуваат и крал на празниците, деновиве го објави магичниот дует со легендарниот колега Бинг Крозби, кој го имаше овој епитет во средината на минатиот век.

Имено, благодарение на модерната технологија, пејачите во дует го изведоа евергринот „White Christmas“ во рамките на специјалната празнична емисија во 2012 година, а снимката дури сега конечно се појави на официјалниот канал на Јутјуб, како честитка за претстојните празници. Монтажата е направена користејќи снимки од иста таква емисија што ја водел Крозби во далечната 1971 година, а како изгледа овој магичен дует на двата кралеви на празниците дознајте во продолжение.

 

Само за потсетување, Бубле, кој неодамна си доби и своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, периодов е актуелен со новиот албум „Љубов“, а новиот материјал ќе го поддржи и со светска турнеја, во чии рамки најблиску до нас ќе настапи во Софија (14 септември) и Загреб (16 септември).



Врати се горе ↑