Видео

28 септември, 2018

Мајкл Бубле го најави новиот албум со „When I Fall In Love“

По (оправдана) пауза од две години, канадската ѕвезда Мајкл Бубле се враќа со нов албум, а како најава за неговото 8. по ред студиско издание насловено едноставно „<3“ (Love), стигна преработка на една од најубавите љубовни песни „When I Fall In Love“.

❤️

❤️

Gepostet von Michael Bublé am Montag, 24. September 2018

 

„Не очекував да му се вратам на снимањето нови песни или на настапите, и тоа беше во ред“, изјави пејачот, додавајќи дека сакал сето свое време да го помине со семејството, особено со најстариот син Ноа, кому му беше дијагностициран рак, но успеа да се избори со оваа тешка болест. „Тоа беше мојот фокус и за тоа време научив и колку многу љубов и хуманост има во светот од сите молитви и добри желби што ги добивавме. Но полека, сфаќајќи кои ми се приоритетите во животот, почнав да чувствувам и нова обврска да ги изразам сите емоции и лекции што ги научив. Без оглед дали сум раскажувачот, набљудувачот, главниот лик, сонувачот, момчето со скршено срце во барот или оној што знае најдобро да се забавува, имам многу приказни за раскажување на овој албум“, објасни Бубле.

Фотографија на Michael Bublé.Како што може да се забележи и од воведниот сингл, чија најпозната верзија е онаа на великанот Нет Кинг Кол, и ова ново издание на Бубле ќе биде составено претежно од преработки на стари класици, како и по некоја авторска песна, како што е соработката со колегата Чарли Пут. Албумот е закажан за 16 ноември, а како звучи и изгледа емотивната „When I Fall In Love“ во изведба на Мајкл Бубле дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑