4 ноември, 2016

Мајкл Бубле ги изненади обожавателите маскиран како продавач

По стапките на својата славна колешка Адел, популарниот канадски пејач Мајкл Бубле сними специјална емисија за британскиот канал Би-би-си, во чии рамки музичарот се маскира во продавач. Со лажен нос, очила, „машка пунџа“ и лажен акцент, Бубле ги изненадуваше муштериите, кои не ни претпоставуваа дека пред нив стои нивната омилена ѕвезда сè додека не го слушнаа како пее. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑