Видео dm1murray03z-a

23 декември, 2015

Мајкл Бубле доби холивудска конкуренција за празниците

Се чини дека Мајкл Бубле конечно има конкуренција кога се во прашање новогодишните и божиќните празници, а тоа е познатиот холивудски актер Бил Мари! Станува збор за новиот телевизиски проект на мрежата „Нетфликс“, во кој Мари се подготвува да води празнична емисија што ќе се емитува ширум целиот свет, но откако невремето ќе го спречи во првичната намера, тој се обидува да ја „спаси“ ситуацијата со песна и забава за сите присутни и вработени во њујоршкиот хотел „Карлајл“, каде што се одвива целата приказна.

Во празничниот мјузикл насловен „A Very Murray Christmas“ режиран од Софија Копола, се појавуваат бројни актери и музичари како што се Крис Рок, Пол Шејфер, Марк Сера, Ејми Поулер, Рашида Џонс, Мајли Сајрус и други, кои пеат дел од најпознатите празнични песни, внесувајќи доза на хумор. Токму таков е случајот со песната „Santa Claus Wants Some Lovin’“, која Мари ја отпеа во дует со оскаровецот Џорџ Клуни, а како изгледа сето тоа погледнете во продолжение.

 

Интересно е тоа што во филмот се појавува и Македонецот Димитри Димитров, кому Мари во една пригода му се обраќа: „Ајде македонски лудаку!“ Промотивниот трејлер погледнете го во продолжение, а целиот филм можете да го погледнете овде. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑