Свет

20 ноември, 2018

Мајкл Бубле доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

На денот на објавувањето на неговиот нов албум, Мајкл Бубле доби и своја ѕвезда на познатата Холивудска патека на славните во Лос Анџелес. 43-годишниот канадски музичар на церемонијата што се одржа во петокот, присуствуваше заедно со сопругата Луисана Лопилато, на која емотивно ѝ се заблагодари за сета поддршка.

Michael Bublé Receives His Star On The Hollywood Walk of Fame

Michael received his star on the Hollywood Walk of Fame!

Gepostet von Michael Bublé am Samstag, 17. November 2018

 

Таа е мојата карпа“, рече тој за аргентинската актерка, за македонската публика позната како Миа Колучи од популарната серија „Млади бунтовници“. Брачната двојка имаше особено тежок период изминатите две години, откако на нивниот најстар син му беше дијагностициран рак. Сега веќе 5-годишниот Ноа мошне добро закрепнува од болеста, а за радоста да биде уште поголема, семејството пред три месеци се прошири за уште еден член, па Ноа и Елајас (2) си ја добија сестричката Вида.

Image result for michael buble star walk of fame

По оправданата пауза од музичката сцена, Бубле сега се враќа со штотуку објавениот 8. студиски албум, насловен едноставно „Љубов“, кој го најави со одличната преработка на евергринот „When I Fall In Love“ и оригиналниот сингл „Love You Anymore“. Новиот материјал ќе биде поддржан и со светска турнеја што ќе започне во февруари следната година, а (засега) најблиску до нас ќе настапува во Софија (14 септември) и Загреб (16 септември).



Врати се горе ↑