Настани 1010073_10151457553201008_757227373_n

22 јули, 2013

„Мајами Џангл“ журка во Аква Парк – Пробиштип

На 27-ми јули (сабота) во Аква Паркот во Пробиштип ќе се случува голема летна забава за сите. Мајами џангл како тема оваа вечер ќе понуди џунгла полна со артисти, чоколадни девојки, танчерки и забава која ќе се памети! Во сабота со свој сет и визуелен видео ефект ќе настапат: Франко Доменик, Ненад Каевиќ, Лефикс, Питер Сан, Гош, Ивајо и 3 специјални музички гости кои Ви ги најавуваме како изненадување на вечерта.

Аква Парк – Пробиштип на Мајами Џангл журката подарува гратис ЦД микс од сите учесници за првите 150 купени карти, а првите 200 кои ќе пристигнат на забавата ги очекува слатко изненадување.

Дозволете си уште една совршено убава, летна приказна на 27-ми јули (сабота) во Аква Парк– Пробиштип!



Врати се горе ↑