Македонија 10494647_10203290349752486_6474035570654115114_n

29 јули, 2014

Маја Вукичевиќ наскоро со нова песна и видео запис

Маја Вукичевиќ деновиве ги сними кадрите за новиот видео запис за песната „Не сакам друг“, која е авторско дело на Александар Масевски.

„Видеото го снимавме два дена на седум различни локации. Го потпишува 3Д продукција и морам да кажам дека сум презадоволна од тоа како сè помина. Спотот ќе биде нешто невидено до сега на нашата музичка сцена и едвај чекам да излезе. Покрај мене, се појавува и најубавиот и најзгоден модел Алек Наумовски“, откри пејачката за Вечер.

Видео записот  всушност е најава и за новиот албум на пејачката кој треба да излезе наскоро: „Имам материјал за да издадам дури два албуми. Работам и на тоа. Одамна немав снимено спот, а тоа им го должам на фановите, но сè со ред нека биде. Еве прво ова, па здравје понатаму и албумот го планирам“, вели Маја, која во моментов е актуелна и со баладата „Остани“ со која се натпреваруваше на овогодишното издание на фестивалот „Макфест“.

 



Врати се горе ↑