Балкан Maya Sar

18 октомври, 2012

Маја Сар има нова песна

Годинава во Баку на Евровизија, претставникот на Босна и Херцеговина беше младата и талентирана пејачка Маја Сарихоџиќ, позната како Маја Сар. Таму Маја својата земја ја претстави со песната „Кораке ти знам“, со која постигна голем успех како во полуфиналето, така и во финалната вечер.

Во Македонија можеби е повеќе позната по соработката со нашата Каролина, Нина Бадриќ и Александра Радовиќ, а како производ од таа соработка беше песната „Мој је живот моја пјесма“.  Неодамна Маја сними уште една прекрасна нумера со наслов „Криве ријечи“ . За сега нема видео запис за истата, но вреди да се слушне и нешто квалитетно од нашите простори.

 



Врати се горе ↑