Балкан Maja-Odzaklijevska

13 февруари, 2013

Маја Оџаклиевска сепак ќе пее на Беосонг

Иако неодамна изјави дека нема да пее на Беосонг 2о13, сепак Маја Оџаклиевска (58) се премислила. Таа во изминатиот период направи големи пресврти во медиумите со нејзините изјави.

„Знам дека направив збрка, но не беше намерно. Пред две години одлучив повеќе да не се појавувам никаде, особено не на фестивали, освен повремено во некои ТВ емисии колку да се задржам на естрадата, да снимам две-три песни, да објавам компилација… Со тоа убаво би ја запечатила кариерата и би отстапила место за некој помлад. Но секојдневно ме бараа новинари, па тоа некако ја потисна желбата за пензионирање“ – изјавила Маја, додавајќи дека песната со која ќе настапи на Беосонг не била наменета за овој фестивал, туку за Сунчане Скале.

Таа не сакала да настапи на црногорскиот фестивал бидејќи нивната соработка често била коментирана како љубовна афера. Тој ја пратил песната на конкурсот за Беосонг без нејзино знаење, па  композицијата влегла во потесниот избор од 15 најдобри песни кои ќе бидат претставени на овој фестивал.

„Никола ми јави за веста откако новинарите почнаа да звонат и да ми честитаат за пласманот на Беосонг. Јас бев во шок, не сакав ни да чујам за тоа и го замолив Никола песната да ја отпее неговата сопруга Милена, а не јас.“ Сепак, на крајот Маја се премислила и песната „Ангел од небото“ ќе ја изведе на првата полуфинална вечер на Беосонг, која ќе се одржи на 2-ри март, а можеби и ќе го претставува нашиот северен сосед на Евровизија 2013.

Маја и Никола настапија на Сунчане Скале во 2009 година со композицијата „Украдени пољупци“.

Извор: svet.rs



Врати се горе ↑