Балкан maja-odzaklievska

7 февруари, 2013

Маја Оџаклиевска: Нема да пеам на Беосонг!

Додека другите “плачат“ што не успеале да обезбедат учество на фестивалот Беосонг, Маја Оџаклиевска вели дека не сака да учествува на фестивалот бидејќи е уморна од вакви натпреварувања, каде е најмалку важно дали песната е добра или не е.

„Јас сум учествувала на многу фестивали и смешно ми е да се натпреварувам со анонимуси. Немам сила да се справувам со нови диктати и не можам да прифатам да се натпреварувам ако од старт знам дека песната не е единственото оружје. Или знаеш, или не знаеш да пееш, или имаш добра песна, или немаш, тоа би требало да биде единствениот критериум, а не по принципот ’дај ми, ќе ти дадам’“ – изјавила Маја, која на Беосонг би требало да настапи со песната „Ангел од небото“, која е компонирана од Никола Буровац.

„Кога ми кажа Никола дека одиме на Беосонг, се разболев, добив температура и грозница“ – објаснува 57-годишната пејачка и вели дека Евровизија не ѝ  е доволен предизвик, додавајќи: „Му реков на Буровац, наместо мене, да пее неговата талентирана сопруга Милена Вучиќ. Нека се натпреваруваат младите, јас своето си го завршив“ – заклучила Маја.

Меѓу изведувачите на петнаесетте композиции кои ќе бидат претставени на Беосонг, се најдоа и популарните натпреварувачки од шоуто „Првиот Глас на Србија“, а тоа се трите финалистки Мирна Радуловиќ, Сара Јовановиќ и Невена Божовиќ, како и претходно отпаднатата Сашка Јанковиќ.



Врати се горе ↑